Името на паркот е Дисмаленд и е сместен во Вестон-супер-Мер на англискиот брег во близина на Бристол, родниот град на Банкси. Првите фотографии од паркот почнаа да се појавуваат минатата седмица.
Според Бристол пост, паркот меѓу другото вклучува дистописка верзија на замокот на Пепелашка, скулптура налик коњ и цистерна за бензин во форма на буквата Ѕ. Локацијата на паркот е поранешен базен на отворено, со површина од 950 квадратни кој е напуштен од 2000-та година.
Во изминатите месеци работите на локацијата се вршат под оправдание дека таму се подготвува снимањето на холивудскиот филм Сивата лисица, а градилиштето е оградено со знаци "Продукција на Сивата лисица." За да биде поуверлива, приказната оди до таму дека продукција е на Атлас Ентертејмент, компанијата која го снима Бетмен против Супермен.
Првите сомнежи дека локацијата ја работи Банкси се појавија на почетокот од месецот, кога таму беше забележана наводната менаџерка на цртачот, Холи Кушинг, која е и продуцент и на документарецот за Банкси - Exit Through the Gift Shop." Дополнителен сомнеж е што на локацијата никога не се појавиле камери.
Името "Дисмаленд" доаѓа од еден графит на Банкси од 2012-та.