Мајмуните на Банкси продадени за 11 милиони евра

Овој пат слика на Банкси успеа да заврши аукција без да биде исечена на резанци, и тоа за повеќекратно повеќе пари отколку што се надеваа.

Се работи за 4 метри широка слика од британскиот парламент во која сите до еден парламентарци се заменети со мајмуни.

Сликата е од 2009, а се очекуваше да биде продадена за меѓу 1,7 до 2,2 милиони евра.

Автентичноста на уметничкото дело ја потврди и Банкси на Инстаграм, со забелешка „криво ми е што повеќе не ја поседувам“, и истовремено потврди дека ова е рекордна сума за негова слика. Претходниот рекорд е од аукција во Њујорк од 2008 и изнесуваше 1,5 милиони евра за сликата „Keep It Spotless“. Сликата што пред некое време заврши на партали, беше продадена за речиси 1,3 милиони евра.

„Devolved Parliament“ Банкси ја слика за неговото „преземање“ на музејот во Бристол во 2009, кое привлече над 300.000 посетители и се сметаше за една од најпосетените изложби во светот за годината.

Анонимниот сопственик на почетокот од годинава ја позајми сликата на музејот како дел од обележувањето на 10-годишнината и оригиналниот планиран датум на кој Британија требаше да ја напушти ЕУ (29 март).

 

4 октомври 2019 - 10:11