Роден во 1969, Парижанецот има неколку допирни точки со Банкси - анонимен е, и покрај фактот што има поставено илјадници рачно изработени мозаици на ѕидови и објекти од Момбаса до Перт. Уметноста си ја нарекува „инвазија“, a таа започнала во 1998 во неговиот роден град. Тој води детална мапа на тоа каде се наоѓаат делата, кои потоа ги продава на неговиот сајт.
Тие се изработени од обоени керамички плочки аранжирани така да создаваат пикселирани слики, карактеристични за раните видео игри. На нив се прикажани поп икони од типот на дизниевата Снежана или Пинк Пантер, иако најчести ликови му се токму Space Invaders, лошите од сега веќе антологиската игрица од 1978.
Негов досега најсмел потег е оној од пред неколку години, кога лансирал еден од „инвејдерите" во вселената, што според краткиот документарец кој го прикажува настанот, му успеало со помош на софистициран балон кој се користи во метерологијата на кој закачил видео камера. Премиерата на филмот е закажана за овој вторник во Њујорк, а во Лондон на 15. ноември.
Во интервју за Њусвик, Инвејдер вели дека Њујорк е „Мека" на уметноста и особено на уличната уметност, но дека ова не е негова прва инвазија во овој град туку дури петта. Според него тој е толку добро место за неговите мозаици што и илјада парчиња, колку што има до сега поставено во Париз, би биле малку. За Банкси има само пофални зборови, и смета дека тој е заслужен што уличната уметност конечно е сфатена сериозно.
Извадок од филмот за лансирањето на Инвејдер во вселената: