Таг: улична уметност

Прв пат во светот: улична уметност за слепи во Чиле

Manos a la pared (Раце на ѕид) е долгорочен проект кој започна оваа недела во главниот град на Чиле, Сантјаго. Се работи за тактилни верзии на мурали, кои треба да им ја приближат уличната уметност на слабовидните и на слепите жители на овој град.

По Банкси - Инвејдер

Откако Банкси заврши со неговата „улична резиденција" во Њујорк, одеднаш на многумина им текна дека тоа е добра финта. Сега во источен Менхетен планира со негови дела да се насели францускиот урбан уметник под кодно име „Инвејдер". Иако тоа нема да му биде прв пат.

Ни графитите не се она што беа

Нов мурал во Детроит ја претставува смртта на уличната уметност, која според неговиот автор, со прекар SEVER, станала мејнстрим.