Иако повеќе музеи и галерии во светот имаат програми за слепи лица, Сантјаго е првиот град кој воведува една таква за улична уметност.
До оригиналните дела, главно изработени од познати чилеански уметници, но и од такви кои се анонимни, се поставени панели на допир на кои се наоѓа 3D репродукција на муралот, и негов вербален опис на Браево писмо. Освен тоа, достапен е и аудио опис преку електронска апликација за слепи Лазаријо.
Во моментов слепите можат на овој начин да доживеат шест мурали чија локација е Барио Ластариа, еден од туристички најактивните и боемски делови од Сантјаго. Сите мурали меѓу себе се поврзани со „подотактилни“ рути, односно со патеки со посебна текстура.
Според статистиките, во Чиле живеат 2.8 милион слепи кои сочинуваат 16.7% од населението. Скоро половина од нив имаат тешки нарушувања на видот, што не им овозможува да го уживаат своето право на пристап кон културните активности.
Едноминутно видео за тоа како изгледа целото доживување: