Марбург во Германија се гордее со тоа што е „Блинденштад“, град кој се има прилагодено на потребите на слепите и на оние со оштетен вид. Но оваа репутација се должи на едно особено иновативно училиште.
Manos a la pared (Раце на ѕид) е долгорочен проект кој започна оваа недела во главниот град на Чиле, Сантјаго. Се работи за тактилни верзии на мурали, кои треба да им ја приближат уличната уметност на слабовидните и на слепите жители на овој град.
Освен вообичаените вести кои доаѓаат од овој дел на светот, ретко кој знае дека таму се игра и добар фудбал пред полни трибини. Еден навивач на ирански прволигаш е слеп, но редовно ги следи натпреварите со помош на својот најдобар другар кој му ги коментира настаните на теренот.
Тимскиот спорт наменет за слепите лица се вика голбол. Првото Светско првенство во голбол се одржало во 1978. година во Австрија а спортот за првпат беше додаден и на Летните Параолимписки игри во Арнхајм 1980-та година.
Соња Собертас имала тежок живот. Доселеник во Квинс, таа во 1990-тите загубила две деца, а за работата да биде уште полоша, во исто време почнала да ослепува. Денес има 77 и прави неверојатно добри фотографии.