Мекензи деновиве ја потпиша иницијативата The Giving Pledge, во која ветува дека половина од своето богатство ќе го донира во добротворни цели, или до крајот на животот или во тестаментот.
Иако по закон им следуваше 50-50, во разводот Мекензи реши на Џеф да му остави 75% од заедничките акции во Амазон, контролните гласови, и делот што го имаат во Вашингтон пост и Блу ориџин (вселенскиот проект на Безос). И покрај ова, Блумберг нејзиното богатство по разводот го проценува на 36,6 милијарди долари.
Џеф на Твитер ја поздрави одлуката на Мекензи да се приклучи кон иницијативата. Инаку, самиот Џеф, иако сега најбогат човек на светот, пред Гејтс, Бафет и сè останато, се уште ја нема потпишано иницијативата.
The Giving Pledge беше основан во 2010 од Мелинда и Бил Гејтс, и Ворен Бафет. Меѓу 204 потписи од луѓето кои до сега имаат ветено половина од своето богатство се и Закерберг, Маск, Бренсон, Елисон и Блумберг.