Најголемиот колекционер на винили не слуша плочи

Мартин Смитерс ја има веројатно најголемата колекција на винилни плочи на светот во која има инвестирано стотици илјади долари. Тврди дека не слуша ништо од тоа. Кога сака да чуе нешто музика, си пушта Јутјуб.

„Мојата колекција на плочи е само колекција. Не е нешто што редовно го користам, поточно е дека не го користам никогаш. Не почетокот навистина ги слушав плочите а почнав да ги собирам мислејќи дека со нив ќе ги импресионирам девојките. Но, како што стареам, немам нерви да се занимавам со нивната музика иако сум среќен што го имам тоа купче, што и натаму го зголемувам и го оставам да собира прашина“.

Смитерс сфатил дека веќе нема поента да ја користи својата колекција откако минал 48 часа да најде еден албум на РЕМ. Конечно го нашол, го пуштил и сфатил дека албумот е ѓубре.

„Денес кога ме интересира нешто, можам да го побарам на Јутјуб и инстантно да сфатам дека е ѓубре,“ вели тој.

Веројатно најјаката функција на неговата колекција на плочи е задгробна.

„Во колекцијата имам инвестирано мало богатство кое ќе го оставам на син ми. Ќе умрам помирно со сознанието дека тоа мрзливо копиле ќе мора да се помачи околу наследството, бидејќи ќе треба да го среди и зачисти пред да го продаде,“ објаснува колекционерот.

29 мај 2019 - 10:38