„Ангела Меркел се откажа од надежите во својата избрана наследничка и сега е закована во канцеларија соочена со растечки немир во германската владејачка партија.
Меркел одлучи дека Анегрет Крамп-Каренбауер, која ја презема лидерската позиција во ЦДУ во декември, не е на ниво на највисоката задача во земјата, сметаат двајца функционери блиски на Меркел. Како резултат на ова канцеларката е станата многу поодлучна од кога и да е да остане на власт до последниот ден од својот мандат во 2021,“ пишува Блумберг.
Меѓу фејловите што АКК ги има последниве месеци се пад на довербата на анкетите, неуспех да ја организира партијата за напуштањето на Меркел и резултатите на ЕУ изборите. Во неделата ЦДУ заврши со најлошите резултати што некогаш ги имале.
Блумберг проценува дека неуспехот на АКК да ја преземе палката од Меркел, ќе доведе до непријатна атмосфера на партискиот состанок на 2 и 3 јуни.
„Многу е веројатно дека ова ќе биде непријатна средба меѓу канцеларката и нејзиниот некогашен пулен: АКК го свика состанокот без за тоа да ја предупреди Меркел и според функционерите тоа е со цел да се изврши притисок врз канцеларката да се тргне на страна. АКК исто така ја оддалечи канцеларката соработувајќи со нејзините конзервативни непријатели во рамките на ЦДУ,“ пренесува Блумберг.
Според нивни извори канцеларката е решена повеќе да не троши од својот политички капитал за да и помогне на АКК. Но во исто време таа ја има предадено целата контрола врз партиската машинерија, па не може да влијае на правецот во кој ќе се движи партијата.
„Правецот на партијата е комплетно отворен, и што ќе се случува по 2021 е целосно несигурно, изјави еден функционер.
Како што бледеат шансите на АКК за освојување на позицијата канцелар, така натпреварот за партиски кандидат на ЦДУ за 2021 се претвора во реприза од минатогодишната борба за наследник. Умерената фракција на Меркел смета дека тие победија кога АКК ја освои лидерската позиција на партијата во декември, меѓутоа овој пат капацитетот на канцеларката да изврши притисок врз изборниот процес ќе биде значително намален.
Ова би можело да ги отвори вратите за конзервативниот Фридрих Мерц или либералот Армин Лашет,“ се објаснува во статијата на Блумберг.
На анкета објавена на 2-ри мај АКК ги имаше најслабите бројки (36%) од почетокот на нејзиниот мандат како претседателка на ЦДУ, и беше околу 20 бодови зад Меркел.