Анегрет Крамп-Каренбауер објави дека нема да се кандидира за канцеларка на следните избори во Германија, и згора на тоа планира и напуштање на лидерската позиција во владејачката ЦДУ.
Иако планот беше постепен фејд-аут на Ангела Меркел до крајот на нејзиниот мандат во 2021, по ЕУ изборите станува се поверојатно дека наследничката на Меркел нема да стане наследничка на Меркел.
Уште не ни помрдната од кабинет, Меркел веќе почнува да зафалува, за сега само на тв спикери кои не мораа да прават јазични акробации секој пат кога го изговораат името на германската канцеларка. Сега со Анегрет Крамп-Каренбауер сè се менува.