Шпигел пишува дека Крамп- Каренбауер како причина за својата оставка ја навела наклонетоста на одредени делови од нејзината партија кон Алтернатива за Германија и изборот на премиер на Тирингија.
Курцшлусот изби откако делегатите на ЦДУ во Источна Германија ја прегазија партиската забрана за соработување со АФД и со нивна поддршка избраа премиер на сојузната држава Тирингија во источниот дел од земјата.
АКК, како што германските медиуми скратено ја водат лидерката на ЦДУ, доаѓа на водечката позиција во партијата во декември 2018, како кандидатка која е најверојатно дека ќе продолжи по патот на Меркел. За сето ова време на неа и покрај сите напори баш и не и успева да излезе од сенката Меркел. Во текот на минатата година полека почнаа да се појавуваат сомнежи околу нејзината контрола врз партијата, што посебно излезе во преден план откако истокот ја одби партиската директива против соработка со АФД.
Вонредноста на целата ситуација беше потенцирана и со тоа што Меркел одлучи јавно да се вмеша во целата работа и да изврши притисок врз своите сопартијци од истокот, порачувајќи дека е „непростливо“ за демократските партии да освојуваат мнозинство со помош на Алтернативата за Германија. Според Гардијан ова само дополнително го нагласи немањето авторитет од страна на АКК.