Малезија порача дека ќе ја враќа пластиката која не може да биде рециклирана во дестинациите од кои што е тргната.
„Развиените земји мора да бидат одговорни што испраќаат во светот“, изјави надлежната министерка Јео Би Јин.
Југоисточната азиска земја во 2018 година стана топ дестинација за пластичен отпад откако Кина сериозно го намали увозот на ѓубре и драстично ги засили критериумите што и колку може да прими. Од јануари до јули 2018 година во Малезија завршиле 456.000 тони странски отпад. Во цела 2017-та примиле 316.000 тони а во цела 2016 168.500 тони. Соопштено е дека во Шпанија веќе се вратени пет товара лоша пластика и дека така ќе биде и во иднина.,
На тема ѓубре постојат тензии и меѓу Канада и Филипини за што пишувавме во „Дутерте до Канада: Земете си го ѓубрето или војна“.
Меѓународните релации во врска со отпадот се регулирани со Базелската конвенција која ја имаат потпишано 180 земји. САД не се меѓу нив. По навика, Американците го двојат отпадот дури и кога им се пали во градот (види: Без Кина, Американците ја горат својата рециклажа).