Украина има пакет за спасување од ММФ во износ од 3,9 милијарди долари, за кои Зеленски вети дека ќе продолжи да ги плаќа ратите и ќе ги почитува правилата наметнати од ММФ.
Паниката на западот околу тежината на коментарите на Коломојски е затоа што милијардерот излезе дека е близок пријател на Зеленски, и дека се врати во Украина по 2-годишниот самонаметнат азил, а неговиот поранешен личен адвокат стана шеф на кабинет на Зеленски.
Аргументот на Коломојски е дека земјата кредиторите треба да ги третира како што тоа го направи Грција, која по подолго натегање во 2015 стана првата развиена земја во светот која не успеала да го отплати долгот кон ММФ (барем привремено). Сличен пример тој наведува и со Аргентина, „колку пати тие не го платиле долгот... Па што, го реструктуираа, и сега сè е во ред.“
Коломојски е ко-сопственик на Приватбанк која во 2016 беше национализирана заради дупка во балансот од 5,5 милијарди долари. Сега Коломојски врши притисок да се поништи одлуката за национализација. Во исто време ММФ врши притисок да не се поништи одлуката за национализација на банката.
Друг аргумент на Коломојски е дека САД и ЕУ треба целосно да го избришат надворешниот долг на Украина за страдањата што државата ги минала во борбата со Русија.