Таг: ммф

ММФ многу мрачен околу глобалната економија

Од фондот предупредуваат дека следната година глобалната економија ќе изгледа како да е во рецесија заради што тие од сега се подготвени уште една[ да ги снижат економските прогнози за 2023.

ММФ им штети на државите на кои треба да им помага

Кога човек размислува за штетата што богатите држави - главно предводени од САД и неговите сојузници - ја предизвикуваат на луѓето во остатокот од светот, тие веројатно мислат на војни. Е па, треба да мислат и на ММФ.

Украински олигарх го повика Зеленски да престане да го плаќа долгот на земјата

Зеленски треба да ги одбие предлог мерките за штедење од ММФ и да престане со исплата на ратите на својот надворешен долг, порача Игор Коломојски украински милијардер и човек кој го сметаат за доста близок на новиот украински претседател.

Како Португалија се оправи одбивајќи да стега каиш

Во една точка на кризата, Португалија реши да ги батали дифолтните решенија на ММФ, Германија и другите меѓународни кредитори: кратете трошоци, стегајте каиш а ние ќе ви даваме нови кредити за да може да ги плаќате старите. Еве ја сега, се крева на нозе па дури и ЕУ ѝ признава дека нашла подобар модел за излегување од криза.

Хилари против Меркел за да ѝ помогне на Грција

Новите документи од Викиликс откриваат како екипата на Хилари Клинтонн планирала малку да ја залакта германската канцеларка за да му се помогне на нивниот социјалистички сојузник во Грција.

Меѓународен монетарен заеб

Тешко е да се докаже добробитта од отворањето на пазарот и воведување на мерки за штедење кога се анализира голем збир на земји. Напротив овие елементи на неолиберализмот доведуваат до изразита нееднаквост, а нееднаквоста и штети на одржливоста на економскиот раст, се порачува во текстот под наслов "Неолиберализам: Преценет?" Тројцата автори на текстот се од ММФ и тоа заменик директор, шеф на дивизија и главен економист.

ММФ соопшти дека ММФ греши

Најголемиот светски евангелист на неолиберализмот, Меѓународниот монетарен фонд, призна дека сите досегашни неолиберални политики не биле баш најкорисни за економите во кои се спроведуваат.

Бесцелниот напредок на Европа околу Грција

Во средата Грција доби нови над 10 милијарди евра за отплаќање на претходните милијарди евра долг што ги направи, а министрите за финансии на ЕУ добија шанса да се пофалат дека постигнале "значителен напредок." Ова беше опишано како "последниот потег во вечните преговори кој ја издигна уметноста на колебање на импресивни нови височини."

ММФ е во право за Грција

Европските министри за финансии треба да се сретнат во понеделник во обид да се надмине ќорсокакот околу Грција и нејзиниот долг. Тоа што ќе се случува беше наведено во писмото од првиот човек на ММФ до групата, кое протече минатата недела. И тоа не беше она што министрите сакаа да го слушнат.

Новиот нов светски поредок

За прв пат по над 140 години (од 1872-ра), САД повеќе не е најголемата економија на светот. Новиот господар е Кина, барем според бројките на ММФ.

ММФ: "Упс..."

Во врска со задолжителните мерки за штедење кои ММФ им ги нареди на Грција и останатите речиси банкротирани членки на ЕУ, од Фондот сега признаваат - веројатно згрешивме.