Викиликс

Хилари против Меркел за да ѝ помогне на Грција

Новите документи од Викиликс откриваат како екипата на Хилари Клинтонн планирала малку да ја залакта германската канцеларка за да му се помогне на нивниот социјалистички сојузник во Грција.

Се работи за преписка во пресрет на самитот на лидерите на Еврозоната во 2015, посветен на можните сценарија за финансиската дупка од 80 милијарди долари, сумата која ММФ ја процени дека ќе и биде неопходна на Грција да преживее во следните три години.

Во тоа време во медиумите циркулира документ кој ја потврдува цврстата линија на Германија во врска со Грција: или сериозни реформи и приватизација на големите системи или нејзино излегување од еврозоната во траење од пет години.

Но, во таборот на Хилари се проценува дека Грција мора да биде спасена по секоја цена па смислуваат серија поенти за да го омекнат германскиот став.

1. Премирот (Ципрас) треба да остане смирен и вклучен во дијалогот дури и ако на него се постават некои неразумни барања,.

2. Да се истакне важноста за останување во еврозоната, и заради геополитички и заради економски причини.

3. Да се признае дека ре-профилирањето на грчкиот долг е важен за успехот на Грција и постигнување повеќе отколку што претходните премиери успеаа да сторат.

4. Да се советува јакнење на довербата кон Грција и нејзината подготвеност и желба за имплементација на реформите.

5. Да се потсети дека и Меркел и останатите европски лидери исто така имаат политички пречки во своите земји.

"Thanks, Jon and Ami. We would welcome a nudge to the Chancellor in the way you suggest", завршува преписката на демократите на оваа тема.

извор

8 ноември 2016 - 19:24