Таг: викиликс

Асанж изгуби

Британскиот суд ја собори првостепената одлука и пресуди дека основачот на Викиликс смее да биде екстрадиран во САД каде ќе биде суден (и речиси сигурно осуден) за шпионажа. Одбраната на Асанж има право на жалба.

Викиликс извади „грејтест хитс“ од документите што ги има објавено за Авганистан

Бидејќи сите се упорно изненадени како тоа Талибанците го освоија Авганистан ко да е Луна парк, и како и покрај милијарди долари истурени во земјата, пак никој не ги сака Американците, Викиликс извади топ 10 тајни документи од инвазијата на Авганистан што ги има објавувано изминативе години. И има што да се види, и што било игнорирано или заташкано.

8 милиони евра казна за компанијата што ги блокираше донациите за Викиликс

Казната се однесува на 2010, кога Викиликс ги вадат документите што Челси Менинг ги краде од американската армија, по што сите поврзани со проектот си накалемуваат еден куп проблеми, меѓу кои беше и глобална блокада на сите донации за Викиликс (инаку главен извор на средства за платформата).

Американскиот Устав не разликува меѓу Викиликс и Њујорк тајмс

Пред Џулијан Асанж, да добие азил во еквадорската амбасада во 2012, тој и неговиот правен тим ме викнаа во Лондон за да им дадам правен совет околу американскиот закон во врска со шпионажа и слобода на печатот. Не можам да ви откријам што совет им дадов, но можам да ви кажам дека тогаш верував, а и се уште верувам, дека нема уставна разлика меѓу Викиликс и Њујорк тајмс.

Унгарија може ќе го екстрадира најголемиот фудбалски „свиркач“

30-годишниот главен информатор на сајтот Football Leaks, Португалецот Руи Педро Гонсалвеш Пинто во моментов е во домашен притвор во Будимпешта и има електронска наногица.

Дамбо, програмата на ЦИА за управување со камерата и микрофонот на кој било компјутер

Во новата епизода од Волт 7 серијалот од протечени документи на ЦИА, Викиликс објавува за Дамбо програмата, чија намена е вклучување и гасење на камери и микрофони на кој било Виндоус компјутер, и корумпирање веќе снимени видеа.

ЦИА 10 години хакира и контролира домашни рутери

Линксис, Длинк и Белкин се дел од производителите чии рутери за домашно користење рутински биле пробивани од ЦИА и претворани во точки за прислушување на американската шпионска агенција, која благодарејќи на својот софтвер можела да го следи и манипулира целиот сообраќај што доаѓа и излегува од твојот рутер.

ЦИА може да вклучи микрофон од Самсунг телевизор

Викликс објави масивна доверлива документација која претставува досега најголемото истекување информации поврзано со Американската Централна Агенција ЦИА. Што да ви кажеме, растурачина.

Мурињо и Роналдо избегнувале данок?

Најголемите европски спортски медиуми на големо најавуваат откривање на еден од најголемите фудбалски скандали. Се споменуваат откривање докази дека многу познати фудбалери и тренери биле вмешани во незаконско работење.

Хилари против Меркел за да ѝ помогне на Грција

Новите документи од Викиликс откриваат како екипата на Хилари Клинтонн планирала малку да ја залакта германската канцеларка за да му се помогне на нивниот социјалистички сојузник во Грција.

Тајниот свет на американските избори

Во интервју за новинарот Џон Пилџер, Асанж ја сумира содржината на десетиците илјади мејлови на Хилари Клинтон што Викиликс ги објави годинава.

Се судрија Викиликс и Панамџиите

"Ние не сме Викиликс туку сериозно новинарство," надмено ја фрли ракавицата за двобој првиот човек на меѓународниот новинарски конзорциум кој ги објавува оф-шор податоците од Панама. Викиликс не останаа должни па ги обвинија за политичка манипулација  оркестрирана од Сорос и американската влада преку УСАИД, со цел да му се наштети на Путин.

Асанж му пиша на филмскиот Асанж

Џулијан Асанж му пишал писмо на британскиот актер кој го игра во филмот The Fifth Estate. Зошто не требало да ја прифати улогата и зошто нејќе да се види со него.

Дипломатска шареница

Проблеми со подарениот овен, гладното куче и кариесот кај дијаспората се дел од темите кои српските дипломати под шифрата строго доверливо им ги праќале на своето министерство за надворешни работи.

Што прави Асанж?

Кога на 19-ти јуни Асанж ја изгуби битката за депортирање во Шведска, прво нешто што направи е да фати џаде во амбасадата на Еквадор во Лондон. Од тогаш не е мрднат од зградата.