Во тоа време компанијата за обработка на плаќања со кредитни картички, Валитор (основана во 1980-те како Виза Исланд), ги блокира сите исплати од Виза картички од Исланд кон Датасел, компанијата што ги обработува донациите за Викиликс.
Тогашниот директор на Датасел, во интервју за исландските медиуми објасни:
„Денес потврдив дека со мојата Виза картичка можам да ја поддржам Ал-Каеда, Кју кјукс кланот, да купувам оружје и дрога и секакви видови порно, и никој не го истражува тоа, ама не може да дадам поддршка на организација за заштита на човековите права која се бори за слобода на изразување.
Ова е многу сериозно прекршување не само на договорот што ние го имаме со Виза... туку сега сопствениците на картички не можат самите да одлучат каде ќе ги трошат своите пари.“
За ваквото однесување, судот во Рејкјавик реши дека Валитор ќе треба на Датасел и на Саншајн прес (компанија на Викиликс) да им исплати 8 милиони евра.
Барањето на Датасел и Саншајн прес за оштета изнесувало 130 милиони евра.