Технологијата наводно е наменета за Групата за физички пристап, посебен оддел во рамките на Центарот за сајбер разузнавање на ЦИА. Во описот се објаснува дека Дамбо може да идентификува, контролира и манипулира системи за мониторирање и детекција кои се поврзани на компјутер што користи Микрософт Виндоус. Под ова се опфаќаат и уреди кои безжично (блутут или ви-фи) се поврзани со компјутерот.
Во целата работа малку смирува тоа што програмата (барем во откриената верзија) не може да се активира преку интернет, туку работи само "директно преку УСБ драјв". Според протечените документи на ЦИА, УСБ-то мора цело време да е во компјутерот за Дамбо да функционира. Првото спомнување на Дамбо е од 2012.
"Упатство за користење од јуни 2015 ја објаснува способноста на Дамбо да гаси микрофони, да исклучува ЛАН и ви-фи мрежа, и да го прекинува снимањето на камерите. Програмата го известува агентот за сите фајлови во кои овие процеси запишуваат за да може истите масовно да ги корумпира или избрише," објавува Викиликс.
Според документите Дамбо работи на сите понови верзии на Виндоус, освен на 64-битен Икспе и постарите од него.
Објавата со придружните пдф-и тука