Во новата епизода од Волт 7 серијалот од протечени документи на ЦИА, Викиликс објавува за Дамбо програмата, чија намена е вклучување и гасење на камери и микрофони на кој било Виндоус компјутер, и корумпирање веќе снимени видеа.
Линксис, Длинк и Белкин се дел од производителите чии рутери за домашно користење рутински биле пробивани од ЦИА и претворани во точки за прислушување на американската шпионска агенција, која благодарејќи на својот софтвер можела да го следи и манипулира целиот сообраќај што доаѓа и излегува од твојот рутер.