Асанж му пиша на филмскиот Асанж

Џулијан Асанж му пишал писмо на британскиот актер кој го игра во филмот The Fifth Estate. Зошто не требало да ја прифати улогата и зошто нејќе да се види со него.

"Јас верувам дека ти си добар човек. Но, не верувам дека овој филм е добар филм. И не верувам дека ќе биде позитивен за мене или за луѓето кои ми се драги. Верувам дека ќе биде крајно негативен и за мене и луѓето околу мене. Затоа што се темели на книга од некој што има вендета против мене и мојата организација"

Ова му го пишува основачот на Викиликс Џулијан Асанж на актерот Бенедикт Види-Видео, 37 годишниот британски актер кој го глуми Асанж во филмот Петтата сила на Бил Кондон.

Книгата на која во писмото се повикува Асанж е "Викиликс одвнатре: Моето време минато со Џулијан Асанж и најопасниот веб сајт на светот", на Даниел Берг, поранешен портпарол на Викиликс.

Асанж му пишува на Бенедикт Види-Видео дека филмот во кој тој прифатил да игра нема да ја расчисти вистината туку дека ќе ја закопа. Според него, куќата Дримворкс овојпат е само продолжена рака на непријателите на Викилис, првенствено Владата на САД.

Бенедикт Види-Видео побарал лично да се сретне со Асанж но овој го одбива тоа затоа што иако го почитува како актер, не сака на тој начин да му дадел легимитет на филмот и лагите искажани во него.

Верувам дека би уживал во средбата со тебе. Врската што може да се развие меѓу актер и живиот човек кој го глуми е значајна. Нашите патишта вечно ќе се поврзеа. Секој од нас со години ќе мораше да го коментира другиот а луѓето да ги споредуваат нашите карактери и животни патишта, му пишува Асанж на Бенедикт Види-Видео.

Види видео:


 

10 октомври 2013 - 10:38