Интервјуто Пилџер го прави во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде Асанж е заробен од 2012, стравувајќи од екстрадиција во САД.
Неколку позиции на Асанж од интервјуто базирани на мејловите на Хилари:
- Во врска со ФБИ и Хилари.
Асанж ја смета ФБИ за "политичка полиција" во САД, која својата моќ ја покажа и во судирот со ЦИА и соборување на нејзиниот поранешен директор. И покрај ваквата позиција Хилари постојано му дава отпор на ФБИ и во неколку наврати успева да направи Бирото да изгледа слабо и неспособно да ги докаже своите тврдења. Однесување што го има разгневено ФБИ.
- Дали Русија е извор на мејловите на Клинтон?
Не е, таа претстава е затоа што кампањата на Клинтон успева да рашири хистерија дека Русија е одговорна за сè.
- Финансирањето на Клинтон.
Мејловите покажуваат дека Хилари добива пари од истите земји кои ја имаат финансирано и ИСИС (Саудиска Арабија и Катар). Според мејловите Бил Клинтон добива чек од 1 милион долари за да се сретне со катарските претставници на 5 минути. Хилари има слична тезга со Мароко за која добива 12 милиони долари.
- Либија е војната на Хилари.
На почетокот Обама е против акција во Либија, меѓутоа од мејловите се гледа дека Хилари е таа која силно се залага за интервенирање во земјата.
- Како е формиран кабинетот на Обама?
Според мејловите од Подеста, половина од луѓето се предложени од Сити банк.
- На Трамп нема да му биде дозволено да победи.
Целото интервју: