Унгарската полиција го уапсила младиот Португалец откако добила барање (поточно налог) од Јавното обвинителство на Португалија. Гонсалвеш наводно е обвинет за киберпрестапништво (провали на интернет), незаконски пристап и поседување на доверливи документи и изнуда.
Властите во Португалија ќе ја добијат бараната екстрадиција на Гонсалвеш, неговите адвокати протестираат а унгарските власти не брзаат во целата постапка.
Според информациите на реномираниот Spiegel, досието на „свиркачот“ на Football Leaks има 11 страници.
Главен адвокат на Гонсалвеш е Вилијам Бурдон, адвокатот на Едвард Сноуден (поранешниот службеник во ЦИА кои на медиумите им даде тајни информации од службите).
Бурдон често брани луѓе кои некако стекнале пристап до доверливи документи. На пример го бранел Французинот Антоан Делтур кој открил цела шема на нелегални работи на крупни компании и нивните високи налози во Луксембург.
Адвокатот веќе има развиено стратегија на одбрана. Сите негови клиенти не се кријат од полицијата, туку едноставно соработуваат:
- Руи Пинто соработува со француското обвинителство кое го користи како информатор за сомнителните трансфери со кои се избегнал данокот и слично (во Франција имало бурни реакции по објавата на Football Leaks во 2016 во која се споменувале шефовите во ПСЖ, Анхел Ди Марија, Хавиер Пасторе, Пол Погба и агентот Мино Рајола).
- Руи Пинто соработува и со властите во Швајцарија кои отвориле истражна постапка против судија во кантонот Вале, инаку добар другар на претседателот на ФИФА Џани Инфантино. Обвинетиот судија ја злоупотребил службената положба и незаконски се стекнал со приходи.
Адвокатот Бурдон за својот млад португалски клиент вели дека е најважниот европски сведок благодарение на кој е можно да се разобличат сите криминални престапки во светскиот фудбал.
Liberdade para Rui Pinto! pic.twitter.com/OVqk2VIZXy
— Miguel Guarda (@m_guarda76) January 20, 2019
Адвокатот предупредил дека ако неговиот клиент биде заштитен од португалските власти, дека е спремен на договор со властите на кои би им покажал важни документи за големи криминали.
„Такви информатори кои веќе работат со европските власти се новост за унгарското правосудство“, рекол адвокатот.
Во Европа сведоците имаат право на заштита но ако Руи Пинто не добие таков статус, тој би можел да се соочи со сериозна затворска казна.
Football Leaks преку својот сајт соопштил дека поседува околу 70 милиони документи (3,4 терабајти) меѓу кои има:
- преписки меѓу топ-менаџери со топ-клубови од Европа
- внатрешни преписки во Монако
- внатрешни преписки во ПСЖ
- преписки на ПСЖ со менаџерите на Мбапе и Нејмар
- внатрешни преписки во Манчестер Сити
- преписки меѓу адвокатите на Кристијано Роналдо
- преписки меѓу Зенит и УЕФА
- преписки меѓу Челси и агентите на Нголо Канте
- и уште илјадници други имејлови и документи.
99% од документацијата е собрана од мејлови.