Самата амбасада на Еквадор не е претерано голема, има 10 соби на долниот спрат, кои ги дели со Колумбија и уште неколку станови. Асанж доби една помала канцеларија, на која на почетокот спиеше на воздушен душек.
Самата канцеларија не е директно изложена на сонце, заради што Асанж има специјална сончева ламба. На почетокот таа немаше ниту туш, но со тек на време му инсталираа.
Во меѓувреме во канцеларијата му е заменет и душекот со вистински кревет а дозволен му е и пристап до интернет. Амбасадата има мала и не премногу функционална кујна, па Асанж се храни со пица и слична храна за носење.
Најголемиот дел од времето е на компјутер или пак чита книги. За рекреација, тој има трака за трчање или игра на музика кога ќе му дојдат гости.
"Асанж е најсреќен зад компјутер, додека работи. Тој не е сентиментална личност, па не му недостигаат работи што би им фалеле на други луѓе," објаснува новинарот Џон Смит, кај кого Асанж беше сместен пред да влезе во амбасадата.
Проблемот со екстрадицијата на Асанж во Шведска е под а) што таму ќе треба да одговара за силување и под б) што Шведска може да го испорача во САД, каде го бараат под обвинение за шпионажа, за што може да добие смртна казна.