Во првостепената постапка судот одби да дозволи екстрадиција на Асанж заради стравување за неговото ментално здравје. По оваа пресуда САД испорача „пакет уверувања“ кои го гарантираат менталното здравје на Асанж.
„Високите судии утврдија дека судијката ја базирала својата одлука од јануари на ризикот дека Асанж ако е екстрадиран ќе биде држен во високо рестриктивни услови.
Меѓутоа американските власти дадоа гаранции дека тој нема да се соочи со овие најстроги мерки освен ако во иднина не се однесува на начин кој ќе го бара тоа,“ пренесува Би-би-си.
Џулијан Асанж е баран од САД заради објавување на илјадници доверливи документи во 2010 и 2011.