ММФ им штети на државите на кои треба да им помага

Кога човек размислува за штетата што богатите држави - главно предводени од САД и неговите сојузници - ја предизвикуваат на луѓето во остатокот од светот, тие веројатно мислат на војни. Е па, треба да мислат и на ММФ.

Богатите држави имаат значителна моќ над животите на милијарди луѓе низ светот преку контролата што ја имаат над институциите за глобално владеење. Една од овие е ММФ. Има 189 земји членки, но САД и богатите држави сојузници има силно мнозинство на гласови. Првиот човек на ММФ обично е од Европа, а САД има доволно гласови за сам да може да стави вето на голем број важни одлуки (иако богатите држави речиси никогаш не гласаат една против друга).

Како пример за проблемот е еден неодамнешен заем од ММФ. Во март Еквадор потпишува договор за позајмување 4,2 милијарди долари од ММФ на 3 години, а притоа владата ќе мора да се придржи до одредена економска програма наведена во договорот. По зборовите на Кристин Лагард - тогашен прв човек на ММФ - ова е „сеопфатна платформа за реформи насочена кон модернизирање на економијата и поплочување на патот за силен, одржлив и правичен раст“.

Ама дали е така? Програмата бара огромно стегање на буџетот на земјата, од околу 6% од БДП-то во следните 3 години. (За споредба, замисли буџетот на САД да се намали за 1400 милијарди долари преку комбинација на намалување на трошењето и зголемување даноци). Во Еквадор ова ќе опфати отпуштање на десетици илјади луѓе од јавниот сектор, зголемување на даноци кое непропорционално ќе падне на товар на сиромашните и кратење на јавните инвестиции.

Севкупниот удар од ова големо фискално стегање ќе ја втурне економијата во рецесија. Проекциите на ММФ се дека ќе има релативно блага рецесија до следната година, меѓутоа е веројатно дека таа ќе биде подлабока и подолга - како што тоа често се случува со ММФ програмите. Невработеноста ќе порасне - дури и проекциите на ММФ го признаваат тоа - а исто и сиромаштијата.

Една причина зошто ова најверојатно ќе излезе многу полошо отколку што ММФ предвидува е дека програмата се потпира на претпоставки кои не се за верување. На пример, ММФ проектира дека во економијата на Еквадор во периодот 2019-2022 ќе има нето странски инвестиции од 5,4 милијарди долари (околу 5% од БДП). Но ако ги погледнеме минатите три години ќе видиме дека економијата одлив од 16,5 милијарди долари (17% од БДП). Што е тоа што одеднаш толку ќе ги возбуди странските инвеститори за да ги донесат своите пари во Еквадор? Секако тоа нема да биде рецесијата што дури и ММФ ја предвидува.

Има и други малку веројатни претпоставки, па дури и некои што произлегуваат од сметководствени грешки, и за жал сите тие одат во ист правец. Изгледа дека штедењето предвидено во програмата, нешто што речиси никогаш не се случува, е малку веројатно дека ќе направи од Еквадор исклучок за кој ќе се расчуе низ светот, каде економијата расте додека вкупната побарувачка е намалена.

Програмата исто така има намера да направи промени на економијата кои, за многу Еквадорци, ќе изгледаат политички. Централната банка ќе стане поавтономна; јавната сопственост ќе биде приватизирана; а законите за труд ќе бидат изменети на начин кој ќе им даде уште поголема моќ на работодавците врз работниците. Некои од овие промени - на пример автономијата на централната банка - ќе го отежнат економското закрепнување.

Сето ова се случува во време на влада - избрана во 2017 врз платформа за континуитет - која сака да врати назад цела деценија на политички реформи. Овие реформи беа, според економски и социјални индикатори, успешни. Сиромаштијата беше намалена за 38%, а екстремната сиромаштија за 47%; јавните инвестиции - вклучително болници, училишта, патишта и струја - се зголемија за два пати како процент од економијата. Меѓутоа претходната власт беше левичарска и беше понезависна од САД (на пример, ја затвори американската база во земјата).

Човек може да замисли како изгледа ова, додека администрацијата на Трамп сега се здобива со огромна моќ врз Еквадор не само преку заемот од 4,2 милијарди долари од ММФ, туку и со 6-те милијарди долари од институции поврзани со Вашингтон како Светската банка и Банката за интер-американски развој.

Всушност, не мора многу да замислуваме, бидејќи новиот претседател, Ленин Морено, себе си се стави на страна на дипломатските и економски политики на Трамп во регионот. Во исто време, неговата влада го гони претседателскиот претходник, Рафаел Кореа, со лажни обвинувања поднесени минатата години кои дури ни Интерпол не сака да ги испочитува со пуштање на меѓународна потерница. Другите опозициски лидери ја напуштија земјата за да го избегнат нелегалниот притвор - во случајот со поранешниот министер за надворешни работи Рикардо Патињо, заради држење говор кој не и се допадна на владата.

Бидејќи Вашингтон го контролира носењето одлуки на ММФ за оваа хемисфера, администрацијата на Трамп и фондот се имплицирани во политичка репресија како и во посеопфатен обид за враќање на Еквадор во тип на економија и политика која Трамп и Помпео би сакале да ја видат, но најголемиот дел жители на земјата очигледно не ја гласале.

Сето ова дава уште повеќе причини зошто се потребни сериозни реформи во ММФ, почнувајќи од нејзиното претворање во помултилатерална институција, каква што се преправа дека е. Во изминатите 20 години, Конгресот - кој мора да го одобри зголемувањето на финансирањето на ММФ - во ретки случаи интервенира за да се елиминираат одредени злоупотреби. На почетокот од 2000-те, на пример, милиони сиромашни деца во Африка добија пристап до основно образование и здравствена заштита затоа што американскиот конгрес им оневозможи на ММФ и Светската банка да бараат од африканските влади да им наплаќаат на своите жители за овие потреби - нешто што двете институции со години го правеа.

Во претстојните седмици, ММФ речиси сигурно ќе избере нов, имотен бел Европеец за да раководи со институцијата. Прогресивните членови на Конгресот, на кои им е грижа што надворешната политика на САД му прави на остатокот од светот, треба да се заложат и да бараат реформи.

Марк Веисброт,
Гардијан

29 август 2019 - 16:05