Главниот економист ММФ, Оливие Бланшар признава дека фондот ја има промашено прогнозата за економијата на Грција и останатите европски економии, и дека на времето не им било комплетно јасно како владините мерки за штедење ќе го поткопаат економскиот раст.
Иако и во октомври 2012, ММФ призна дека мерките за штедење предизвикуваат три пати повеќе штета отколку што првенствено било предвидено, во најновиот документ, тие стојат до својата првобитна одлука, објаснувајќи дека за овие економии и онака најтешкото минало и дека тие кај да е ќе почнат да заздравуваат.
Поранешниот независен советник на ММФ, професорката Нгарие Вудс, објаснува дека "ММФ во моментов нагласуваат дека земјите кои можат, треба да ги забават мерките за штедење и дека нив не треба да ги спроведуваат одеднаш, бидејќи тоа ќе има ужасни резултати за економијата..."