Кристин Лагард изјави дека ММФ не може да поддржи план каков што бараат европските министри - план кој бара ветувања дека Грција не може или не сака да го одржи и кој го одложува, повторно, договорот за нејзино олеснување на долгот. Имплицитната закана на ММФ за повлекување на поддршката или нивно заминување од преговорите е оправдана.
Во основа, министрите на евро зоната и владата на Грција го опипуваат нивниот пат кон договор кој ниту една од страните не верува дека ќе успее. Духот на овие разговори потсетува на еден виц за Советскиот Сојуз: "Ние се преправаме дека работиме а оние се преправаат дека ни плаќаат." Според овој нов договор, Грција се согласува на дополнителни нови фискални кратења, вклучувајќи и "мерки за заштита" кои ако треба ќе бидат автоматски активирани, со цел да се постигне и одржи буџетски суфицит од 3,5% од БДП-то. А евро зоната ќе каже: тоа е доволно.
Како што вели ММФ, овој пристап едноставно не е изводлив. Фискалните таргети се премногу високи. Ако бидат имплементирани, а нема да бидат, проектираните фискални мерки за штедење повеќе ќе и наштетат отколку што ќе и помогнат на економијата. "Ние не очекуваме Грција во следната декада ќе може да одржи примарен суфицит од 3,5% од БДП-то," пишува во писмото. Ниту пак, во реалноста, кој било друг го очекува ова. Понудениот неискрен став околу договорот е алтернатива на искрен план, кој чисто за да биде изводлив, мора да вклучува елемент за олеснување на долгот - отстапки кои Германија и останатите многу се трудат да ги отфрлат.
Да бидеме јасни, не е во прашање дали на Грција сè да и биде простено. Целиот проблем е вина на самата земја - а Грците за ова платија со колапс на стандардите за живеење. Дури и пореални фискални цели како оние што ги предлага ММФ, вклучувајќи и примарен суфицит од 1,5% од БДП-то, би значеле наметнување мерки за штедење на земја која и онака доста страдаше. Меѓутоа вака омекнатите цели пак нема да го намалат долгот на одржливо ниво: решавањето на овој проблем и понатаму ќе бара олеснување на долгот.
Долги месеци, владите на евро зоната, предводени од Германија се водат од домашните политики за да ја отфрлат оваа неизбежна реалност. Грција наскоро ја чекаат огромни отплати. Се додека ова прашање е нерешено, заканата од уште една финансиска криза постојано ќе ја мати перспективата на Европа. ММФ има право што вели доста е!