Повикот прв пат е објавен на /pol/ на 4чан (/pol/ се однесува на „politically incorrect“) и во него се бара знакот за хаштаг „#“ да почне да се користи како свастика во мемињата и општо на социјалните медиуми.
Кампањата ја тераат под насловот „Bash the Hash,“ изваден од анти-фашистичкиот термин „Bash the Fash,“, а крајната цел е да се натераат масовни сервиси како Твитер, Фејсбук, Инстаграм, да престанат да го користат хаштагот.
Троловите ова го гледаат како „вин-вин“ ситуација бидејќи „или Твитер ќе мора да прифати очигледен нацизам на својот сајт или ќе треба да најде ефикасен систем за отстранување на еден од централните механизми на сајтот.“
Бонусот што го очекуваат од ова е што „корпорациите ќе бидат присилени да престанат да ставаат хаштаг на секоја можна реклама“.
Кампањата се тера со обратна психологија, па наместо крајниве десни да шират „ова е наше лого“ и слично, Твитер сметки кои се претставуваат како крајно-леви и Антифа, шират дека хаштагот е нацистички симбол и слични варијанти на темата (дека всушност симболот е составен од две Х и е кратенка за Хеил Хитлер).
Во една од претходните кампањи 4чан успеа да увери народ дека ОК (Вегета знакот) всушност е таен симбол на расистите.