Ја препознаваме како симбол на нацизмот и антисемитизмот, но свастиката е широко присутна во древните религии, вклучително и во делови на Азија, каде означува „среќа“ или „милосрдие“. Од пред некоја година младите Јапонци го актуелизираат симболот, веројатно несвесни за бремето коешто тој го носи.