Зошто пилешкото е толку евтино?

Многу работа во цената врши тоа што во секој даден момент на планетава има 23 милијарди кокошки / пилиња.

Едно е што ги има многу повеќе од кога и да е, втора работа е што се потешки од кога и да е. Ако просечно пиле во 1957 тежело 0,9 килограми, во 2005 тежината е 4,2 килограми (и двете мерени на 56 дена старост).

Напредокот во технологијата неспоредливо го олеснува справувањето со незамисливите бројки пилиња што се одгледуваат. Во примерот што го има Економист, во само еден објект се одгледуваат 45.000 птици, целата фарма има 200.000 птици и сето тоа е надгледувано од компјутерски систем и вкупно двајца вработени.

Должината на животот на пилињата одгледувани за исхрана варира од начинот на кој се одгледуваат. Најдолго живеат органските пилиња со просек од 81 ден, по нив се пилињата што се одгледуваат на отворено но не се органски со 56 денови. Последни се интензивно растените, во фарми, чиј животен век се движи меѓу 35 и 40 денови. Првите две добиваат и повеќе простор за живеење, меѓутоа сочинуваат едноцифрен процент од целата одгледувана живина.

 

28 мај 2019 - 13:39