Моментално на пазарот на ЕУ легално се наоѓаат околу 30 PFAS пестициди и стотици пестицидни производи што ги содржат. Речиси сите од нив можат да се разложат во TFA.
„PFAS соединенијата мора да бидат забранети, а постепеното укинување на нивното производство и употреба мора да се испланира, поддржи и спроведе што е можно поскоро“, алармира хрватскиот европарламентарец Гордан Босанац.
Во PFAS влегуваат околу 10.000 различни синтетички соединенија, кои никогаш докрај не се распаѓаат во животната средина туку остануваат во неа засекогаш.
Студијата покажа дека покрај во животната средина, акумулацијата на TFA се зголемува и кај човечките организми. TFA e хемикалија класифицирана од Европската агенција за хемикалии како супстанца токсична за репродукција.
Зелените предупредуваат дека нивоата на остатоци од пестициди во овошјето и зеленчукот се имаат тројно зголемено помеѓу 2011 и 2021 година а вечните хемикалии досега се пронајдени во реките, водата од чешма, флашираната минерална вода, виното и храната на база на житарки.
Концентрациите на TFA во храната се дури и 100 пати повисоки отколку во водата.