Криста Пајк се разбуди откако преживеа две смртоносни инјекции
- 50 годишната Криста Пајк која во нејзината неуспешна егзекуција преживеа две смртоносни дози инјекција во Тенеси, закрепнува, свесна е и може да зборува.
- „Спротивно на сите очекувања, Криста Пајк се освести. Таа може да зборува, но сè уште ја добива неопходната медицинска нега. Останува со лисици на рацете и врзана за кревет“, се вели во соопштението на нејзиниот адвокатски тим.
-
Таа требаше да биде првата жена погубена во Тенеси по повеќе од 200 години. Ѝ биле вбризгани две дози пентобарбитал, нешто од кое досега никој нема преживеано, пишавме во „Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции“.