Вести

Без тапии, урнатините во Газа се ничија земја

Жителите на Газа на кои израелските бомби им ги уништиле куќите се плашат дека може трајно да останат бегалци, исто како и нивните баби и дедовци по 1948 година. Тапиите им се изгорени или закопани под урнатините. А, ако не приложат документи за сопственост, тешко ќе можат да ги спречат Израел и „мировниците“ да изградат бази или луксузни комплекси врз нивниот имот.

Германија дала 200 милиони евра за видео-игри за кои нема поим

Германската влада во изминатите седум години издвоила 221 милион евра за продукција на над 700 видео-игри, како обид да ја зајакне домашната гејминг индустрија. Но, никој во Берлин не води евиденција ни кои се игриците ни дали воопшто се достапни. Голем дел од парите се префрлаат на идеолошки проекти или на рекламирање приватни компании.

Јапонија нејќе шуто и рогато од странство

Јапонија е остров па се чини дека не би требало да има проблем со зголемена имиграција. Но и Англија е остров па види ја ти неа. Откако рекордно им се зголеми бројот на странци за само една година, јапонската влада драстично го зголеми давачките за дозволи за престој. Странците ќе мора да покажат приходи исти или повисоки од просечните јапонски приходи а во меѓувреме ќе треба и да го навежбаат јазикот. 

Речник

Канада ќе почека со еутаназија на луѓе со ментални болести

Владата во Отава се откажа до планот да ја прошири програмата за медицински помогната еутаназија (MAID) за лица кои страдаат исклучиво од ментална болест. Најави сосема нов закон, според кој пациенти со прогресивна болест ќе можат предвремено да се регистрираат за MAID пред да им се влоши здравјето до степен кога нема да можат самите да донесат свесна одлука.

Британија си отвори дупка од 160 милијарди долари

Воведувањето даноци за пари заработени надвор од земјата ги притисна ултрабогатите бизнисмени да ја напуштат Британија. Оние што во изминатите две години се преселиле во Монако, Швајцарија и Обединетите Арапски Емирати однеле од земјата 160 милијарди долари. Според Блумберг, тоа се повеќе пари отколку што поседуваат богаташите што решија да останат.

Има нешто вечно во луѓето од Европа

Студија на Европските зелени откри „вечни хемикалии“ (PFAS) и нивни разградни продукти (TFA) во крвта на сите 110 тестирани волонтери од 9 држави. Притоа Хрватска отскокнува со алармантни 60% од испитаниците со зголемени вредности. Овие соединенија доаѓаат преку пестицидите и водата и влијаат на тироидната жлезда, имунитетот, плодноста и развојот на рана возраст. 

Историското сеќавање е важно и заради сипаниците

Историската амензија, преголема самодоверба во своето аматерско познавање на работите (ќе гледаат Јутјуб видеа и верууват ја истражувале темата), претераниот индивидуализам и недостатокот на чувство за доброто на пошироката заедница, општиот пад во довербата кон властите се парчиња од мозаикот кои доведоа до тоа да се вратат болести кои ги сметавме за искоренети.

Дали може да се натераш нешто да заборавиш?

Убаво си вика песната - „заборави, ако можеш“. Епа, можеш ли?

Само во јуни, американската економија додаде 224.000 нови работни места

Некои економисти предвидуваа дека јунските податоци ќе потврдат дека пазарот на трудот е влезен во стагнација: Кога оно, пазарот процвета за нови 224.000 работни места, наместо предвидените 165.000.

Човештвото го положи тестот „најдов новчаник, што да правам“?

Секој си знае за себе што би правел доколку најде нечиј изгубен новчаник но група економисти решиле да искушат поголема група во еден масовен социјален експеримент со 17.000 „изгубени“ паричници во 40 земји во светот.

Амазон засекогаш ги чува снимките на разговори од Алекса

Американски сентарот праша како компанијата се однесува со снимките од разговори кои ги снима нивниот паметен дигитален асистент Алекса. Доби очекуван корпоративен одговор: се бришат, освен кога не се бришат, за ваше добро.

Можат да ставаат податоци во молекулите кои ни го движат метаболизмот

Истражувачи соопштија дека успеале да вметнат дигитални податоци (фотографии од 6.142 пиксела) во раствори кои ги имаме во организмот и дека и молекули кои не се ДНК можат да послужат како хард-дискови. Драгичката е во тоа кој е спонзор на истражувањето.

Форест Гамп се инкарнирал во лисица

Освен што е лисица, сега е женка и има поминато 3.500 километри од Норвешка до Канада, за време кое научниците го сметаат за најбрзо движење на кој било припадник на животински вид. 

Игор Стравински и неговата „нелегална“ верзија на американската химна

Со најдобри намери и мотиви, Стравински решава да изведе своја верзија на химната на неговата земја домаќин. Но, во “The Star-Spangled Banner,” додава еден чуден акорд и ете ти ја бостонската полиција на врата.

Треба Шазам за бебешки плач?

Секој кој пораснал деца, или кој во моментов поминува низ таа фаза, знае што значи бебето да ти плаче а ти да немаш појма што му е. Досега имаше две опции: да дијагностицираш дека или му се јаде или му се спие или пак да прибегнеш кон старата мудрост „остај го, ќе преплаче“. Сега се најавува нова можност - плачот да се преведе.

Холокаустот не е ексклузива

Американскот музеј на холокаустот побара во јавноста да не се прават споредби меѓу холокаустот и мигрантската криза. Историчари побараа од музјеот да си ја гледа работата.

Како „легално“ да се бомбардира Иран?

Бидејќи на газдата не му поминува меракот да го нападне Иран, неговата администрација има задача да најде начин како тоа да биде изведено во некаква правна рамка. На Трамп едно од решенијата му звучи генијално: да повторува дека „нема да трае долго.“

Како Ролинг стонси ја прават плејлистата за концерт?

Која е омилената на Кит Ричардс која никогаш не му здосадува? Зошто Џегер ретко сака да ја пее Beast of Burden? Која песна Чарли Вотс ја мачка на леб? Ричардс и Вуд се отвориле за магазинот кој го носи нивното име во еднина.

ЛГБТ во САД победија, само уште активистите да го дознаат тоа

Движењето за ЛГБТ правата во САД сè уште постои иако сега и нема веќе за што да се бори. Политиката на ЛГБТ денес се претвора во блесава идеологија (права на асексуалците да немаат секс??) која инсистира на решавање на проблеми онаму каде што проблеми нема, од активисти кои и не се ЛГБТ. А и самиот ЛГБТ станува надграден и проширен во LGBTTQQFAGPBDSM (Lesbian, Gay, Bisexual, Transgender, Transsexual, Queer, Questioning, Flexual, Asexual, Genderfuck, Polyamourous, Bondage/Disciple, Dominance/Submission, Sadism/Masochism).

Од топлото ќе испарат 80 милиони работни места

Меѓународната организација на трудот извади студија со проценка дека топлотните удари и покачувањето на температурата ќе предизвикаат катастрофални економски и работни последици, веќе во 2030 година. Најголеми лузери ќе бидат оние кои и сега се лузери - сиромашните.

Кои се новите европски шерифи?

Со Европската комисија треба да раководи министерка која е оцената како најлоша во гернманскиот кабинет, Европскиот совет оди во рацете на Каталонец кој е против независност на Каталонија, а шеф на дипломатијата е Шпанец заради кој најмногу треба да му ја мисли Косово.  

Чао фосилни, чао гасови и нуклеарни, поевтинија фотоволтаиците

Електро-водоводниот борд на Лос Анѓелес постигна договор за најголемиот и најевтин солар+ батерии проект кој го закопува бизнисот со фосилни горива и ги депласира нуклеарните централи.  

Програмерите на срушените авиони, Боинг ги плаќал 9 долари на час

Беше мистерија како е можно на таква угледна фирма каква што е Боинг, позната по фамозно педантниот однос кон дизајнот и изработката да ѝ се случи поради банални софтверски грешки да ѝ се срушат два авиона со стотици жртви а цела серија да ѝ биде приземјена ширум светот. Штеделе и аутсорсирале, им било поевтино да најмуваат индиски кадар.

Сиромаштијо, и на непрофитните си им лесна (за дерење)

Непрофитните болници во САД се ослободени од плаќање локални, државни и федерални даноци. За возврат, помагаат на заедницата и пружаат медицинска помош и нега на сиромашните. Додека не решат дебело да им наплатат.

Калифорниските школки начисто се сварија

Додека луѓе нагрнуваат на плажите на Калифорнија за да ја искористат ретката прилика кога океанската вода е со дојранска температура (27 целзиусови степени), луѓе кои со години се занимаваат со подводниот свет вакво нешто немаат забележано: од топлото школките се зготвиле самите во себе.

Битка за француските базени

Градот Гренобл (југоисток на Франција) има правила за јавните базени според кои жените мораат да носат едноделен костим за капење, а мажите мораат да носат Спидо. Правилото е од хигиенски и од безбедносни причини. Пред некое време во равенката се уфрлија религиозни разбирања и недоразбирања.

Златната ера на стримингот завршува

Игранката станува лакома па онаков каков што го знаеме, без или со мала претплата, стримингот се ближи кон својот крај. Старите серии веќе се повлекуваат од Нетфликс и повторно се враќа времето кога за пет омилени филмови ќе треба да се плаќаат пет посебни претплати. 

Како Осло со ново лого заштеди 5 милиони долари годишно

Нормално, прва помисла е: на тие пари, па уште им доаѓа и да штедат, што народ ќе беа. На второ место е: па до толку сè им е средено што на логото стигнаа да шпараат.

Убиство од размазување?

Лошо: Син го убива својот татко. Дебилно: Затоа што му го укинал џепарацот. Аман: На 30-годишна возраст.

Градот кој на 14 јули ќе биде прскан

Ние против комарци не успеваме да испрскаме а некаде по светов прскаат против Ѓаволот. Да не знае човек кој е поназад.