Битка за француските базени

Градот Гренобл (југоисток на Франција) има правила за јавните базени според кои жените мораат да носат едноделен костим за капење, а мажите мораат да носат Спидо. Правилото е од хигиенски и од безбедносни причини. Пред некое време во равенката се уфрлија религиозни разбирања и недоразбирања.

Од мај годинава група муслиманки под името Граѓанска алијанса на Гренобл два пати се појавува во градските базени во буркини (бикини што комплетно ја покрива жената, освен лицето). Тие и се снимаат како пливаат во базените објаснувајќи дека тоа го прават „за да ја одбранат религиозната слобода“. За ова групата е казнета по 35 евра од човек.

Како одговор на ова жителите на Гренобл започнаа ривалска група под името „Сите голи“ во која ги повикуваат членовите да се појават на градските базени угол голи, како контра на „буркини бригадата“, притоа обвинувајќи го градоначалникот за „загрижувачка неактивност“.

Буркини екипата тврди дека тие го прават ова бидејќи стотици муслиманки не можат да одат на пливање (заради задолжителниот едноделен костим за капење). Други, претседателката на секуларната група Републиканска пролет, Амине Ел-Катами, изјавува „ова не се кутри муслимански мајки свенати на горештините, туку се политички милитанти на дело.“

„Следниот пат ќе биде: Ние сакаме да го резервираме целиот базен затоа што не можеме да се бањаме со други,“ порачува Ел-Катами.

Француската министерката за родова еднаквост го дава најполитичкиот одговор во кој во основа е од двете страни: таа е против поделба на заедницата од страна на „мало малцинство“ и дека пораката зад ова е да се „создаде нова норма: покривајте се“. Но од друга страна таа повикува дебатата да не доведе до дискриминација и дека „жените, без разлика на нивната религија или начин на живот, треба да можат да ги користат јавните базени“.

Франција на ниво на држава уште во 2011 го има забрането користењето на бурка на јавни места, меѓутоа одлуката за буркини останува на општините.

1 јули 2019 - 14:29