Правната администрација на Трамп пробува да отвори врата низ која секоја власт би можела да оправда каков било напад, каде било на светот. Но, Демократите и неколкумина Конзервативци се упорни во настојувањата да ги осуеатат ваквите планови, вклучувајќи го минатонеделното минирање на обидот да се избутка амандман по кој нема да биде потребна Конгресна дозвола за објавување војна.
Трамп пробува да избутка идејата убедувајќи ја јавноста во две ветувања: дека нема да има војници на терен и дека целата операција нема да трае долго. А истовремено го пушта Мајк Помпео да разработува друга варијанта: да се тврди дека Иран е поврзан со Ал Каеда. Тој и неговите кругови постојано повикуваат на нови разузнавачки информации дека Иран планира да нападне американски цели и цели на нивни сојузници на Блискиот исток. Логиката на ова сценарио е ако се докаже поврзаност на Иран со Ал Каеда, во тој случај не би била потребна посебна дозвола за војна со Иран бидејќи нападот би се извел под одредбите на конгресната авторизација за употреба на воена сила против Ал Каеда, која датира од 2001-ва година (поради нападот од 11 септември).
Но, во случајов дури и Пентагон не е расположен да игра на та карта па одбива да го потврди тој линк бидејќи им е јасно дека евентуално зацапување во Иран ќе биде долго, скапо и штетно по американските интереси во регионот. Портпаролката на Пентагон, Ребека Ребарих, тоа и јавно го посочи, изразувајќи сомнеж дека Иран денес може да биде нападнат по авторизација на Конгресот од пред 18 години.
За жал, го знаете Трамп. Не е убав ама е јако упорен.
„Ви викам јас, ако нешто мора да се случи, ќе се случи. А ве уверувам дека нема да трае долго,“ ќе рече човекот.