Монсињор Рубен Дарио Харамиљо Монтоја планира да изнајми воен хеликоптер и на 14-ти јули, денот кога градот Буенавентура го слави својот светец заштитник да го испрска целиот град со света вода/.
„Ќе истуриме многу света вода, да видиме дали ќе успееме да ги избркаме демоните кои го уништуваат нашиот убав град,“ обелоденува бискупот.
Буенавентура е најфреквентното колумбиско пристаниште кое беше разорено од паравоени банди кои го тероризираат локалното население, киднапираат, рекетираат и изнудуваат пари. Најголемата градска банда позната како Лос Малос (Лошите) е озлогласена по особено ужасните злосторства, бидејќи често ги транжираат своите жртви додека уште се живи.
Но, Ѓаволот веќе има проблеми во Буенавентура откако со тамошната ситуација сериозно се зафатија световни институции; властите и меѓународните организации.
Пред 5 години, граѓаните се самоорганизираа и рeшија да се спротивстават на теророт, прифаќајќи помош од меѓународни институции за човекови права со кои беа изградени хуманитарни зони во кои луѓето не стравуваат од насилство. Потоа претседателот Сантос испрати војска во градот па беше потпишан мировен договор со герилците од ФАРК за една година подоцна градот да биде вмрежен од УНЕСКО во глобална иницијативата за креативни урбани заедници, првенствено заради кулинарските традиции на Буенавентура.
На тој начин, иако банди сè уште има во градот, стапката на убиства падна под националниот просек. Од 121 убиства на 100.000 жители во 2006-та, на само 14 една деценија подоцна.
Ама ако, нека испрска бискупот, за недајбоже.