Во моментов невработеноста во САД изнесува 3,7 проценти а вкупните примања растат со годишен пораст од 3,1%.
Во поглед на бројот на работни места што е еден од индикаторите на кондицијата на економијата, мај и април малку потфрлија во однос на предвидувањата и испаднаа пократки за по 3.000 односно 8.000 места па се очекуваше јуни да биде доказ дека се работи за симптоматичен тренд. Но, испадна поинаку, бааги поинаку.
Вработеноста во САД годинава просечно расте по 172.000 работни места месечно, што е нешто побавно од минатогодишниот раст од 223.000 нови работи месечно.
Во светло на трговскарта војна со Кина и целиот економски патриотизам на Трамп посебно занимлив им е податокот дерка американската мануфактура во јуни нафрлила дополнителни 17.000 нови работни места.
Стабилниот раст на пазарот на трудот секогаш има позитивно влијание на конзумеристичката доверба и потрошувачката. „Тој можда е глуп, но...“ пишавме во линкот кој водеше до статијата на Кварц дека американската економија се ноѓа во рекорден период на непрекинат раст во својата историја.