Како Осло со ново лого заштеди 5 милиони долари годишно

Нормално, прва помисла е: на тие пари, па уште им доаѓа и да штедат, што народ ќе беа. На второ место е: па до толку сè им е средено што на логото стигнаа да шпараат.

Педантните Норвежани пресметале дека градските власти имаат 50.000 вработени распределени во над 200 организации, кои годишно на најразлични агенции им плаќаат вкупно 5 милиони долари за нови логоа и надополнување на бренд насоките. Секоја од организациите има сопствено лого (некои и по неколку) па вкупниот број е над 250 логоа.

Целиот овој проблем за Осло го решава агенцијата Креуна, чија задача е поедноставување на брендирањето и унифициран изглед на логото на сите организации што работат под градот.

Нивното ново лого е составено од грбот на Осло (од 1930-те) нов фонт, и четири графички елементи (базирани на името Осло), кои наизменично се менуваат за да го оформат логото на секоја од организациите на градот.

Во пакетот ребрендирање од Креуна, доаѓа и софтвер со кој секоја организација може да генерира сопствено лого, без да има потреба од познавање на која било друга дизајнерска алатка.

 

1 јули 2019 - 11:56