Арктичка плава лисица ги поминала овие 3,5 илјади километри за само 76 дена.
Ѝ бил ставен ГПС уред за следење во јули 2017 година. На 26 март 2018 година тргнува од шведскиот архипелаг Свалбард. После 21 дена и 1.512 километри по тоа замрзнатото море, стигнува на Гренланд на 16 април 2018 година. Патот ѝ продолжува кон канадскиот остров Елесмер каде што стигнува на 1 јули.
„На почетокот не можевме да поверуваме дека е вистина,“ вели истражувачката Ева Фуглеи за моментите кога ги прочитале податоците. Дури и се сомневале дека некој го има земено коланот на лисицата и го има пренесено со брод. Само што, бродови таму нема.
Инаку, тој колан со уредот на него функционира така што работи секој ден по три часа. Лисицата минувала просечно по 46,3 километри секој ден а еден ден ѝ има тргнато па поминала неверојатни 155 километри за 24 часа. Истражувачите претпоставуваат дека тој ден го има искористено морскиот мраз како средство за транспорт што им отвора ново поле за истражување како тој мраз може да послужи за миграција на животни.
Арктичките лисици се издржливи животни кои можат да преживеат и минус 50 степени. Градени се за тоа, со шепи обложени со крзно, со кратки уши и муцки, да не им попаѓаат од мразот. Интересно е што местото од кое тргнала и местото на кое после 3.500 километри се скрасила се два сосема различни еко - система.