Чао фосилни, чао гасови и нуклеарни, поевтинија фотоволтаиците

Електро-водоводниот борд на Лос Анѓелес постигна договор за најголемиот и најевтин солар+ батерии проект кој го закопува бизнисот со фосилни горива и ги депласира нуклеарните централи.  

Кон крајот на месецот Лос Анѓелес ќе ратификува 25 годишен договор за обезбедување на седум проценти од електричните потреби на градот по - зборот е девалвиран ама стварно - бонбона цени: 1.997 центи за киловат-час од фотоволтаици и 1.3 центи за струја од батерии (хинт, од нуклеарна, големопродажната цена е околу 2 цента)

„Ова се најевтините соларно-фотоволтаични цени во САД и веројатно најголемиот и најевтин ваков проект во светот. Навистина верувам дека во моментов правиме револуција во индустријата,“ изјави тамошниот менаџер за стратешки инвестиции.

Постигнатите цени се двојно помали од цената на струјата од природен гас.

Марк З. Џејкобсон, професорот на Стенфорд кој има изработено сценарио како 139 држави можат 100 процентно да транзитираат на обвновливи, се испорадува на Твитер: 

Слична беше и реакцијата на анти-нуклеарниот активист Арни Гундерсон кој ноќта кога Маск го обелодени Тесла Пауерпак-от, предвиде дека струјата од батерии ќе падне под два цента за киловат-час. Сега уште вика дека требал и похрабро да гаѓа.   

Се разбира, со овој проект ЛА нема да се ослободи од природниот гас. Ќе му треба и гас и хидро-струја, особено во ноќните часови, но батериите од новиот 400 мегаватен проект ќе лапнат дел од фосилното парче на вкупниот енергетски колач. Како и да е, на соларна енергија градот ќе може да смета од седум сабајле до седум навечер, а батериите ќе го продолжуваат тоа релаксирање на системот до 23 часот.

Кај нас? Знаете, овде ноќта паѓа грубо.

*********

Ние сме против и онаа идеја да инвестираме во обнова на бугарската нуклеарна Белене. Ние сме за тоа сами да си направиме нуклеарна, и Курто Дудуш да биде шеф на смена. Да решиме ствар еднаш засекогаш. 

2 јули 2019 - 13:32