Речиси 150 историчари специјализирани на теми поврзани со холокаустот го осудија и побараа да биде повлечено соопштението на Меморијалниот музеј на холокаустот во кое се бараше да престанат секакви аналогии меѓу холокаустот и ситуацијата со мигрантите.
„Одлуката на музејот однапред да офрла секакви аналогии со холокаустот или настаните кои имаат доведено до него е комплетно неисториска. Тоа нанесува голема штета на неговата способност да биде кредибилна и водечка глобална институција посветена на зачувување на спомените, едукацијата и истражувањата на Холокаустот,“ се наведува во нивното соопштение.
Дебатата се разгоре откако Александрија Окасио - Кортез изјави дека администрацијата на Трамп има подигнато „концентрациони кампови“ долж границата со Мексико во кои мигранти и нивни деца се брутализирани, па дури и умират, во нечовечки услови.
Во статија на Ескваер ѝ беше вратено со објаснување дека не постои равенство меѓу концентрационите кампови и логорите на смртта од Хитлерово доба. Првата дефиниција се однесува на „масовно задржување цивили без судски процес“ додека во вторите се работи за задржување луѓе со цел систематски да бидат убиени.
По посетата на неколку такви места, дузина демократски пратеници ја шокираа јавноста раскажувајќи за условите во кои луѓето живеат во таквите места. Пренатрупани, гладни и жедни, навредувани и терани да пијат вода од веце шоља (подоцна надлежни тврдеа дека не пијат од шољата туку од црево поврзано со неа).
Како и да е, се чини еврејската заедница во САД ја разбира реакцијата на историчарите.
„Како Евреи, ние сме учени да не дозволиме никогаш повеќе да се случи нешто слично на Холокаустот. Ако не гледаме како деца се задржуваат во неприфатливи услови и дека во потрага по безбедност луѓе умираат на таа граница, тогаш ние одбиваме да видиме што следува. Во самата суштина на едукацијата околу Холокаустот е да се алармира јавноста на потенцијално опасен развој на некои ситуации. Посочувањето сличности и во време и во простор е суштинско обележје на таа задача,“ порачуваат американските Евреи.