Според проценките на ИЛО (International Labor Organization), покачените глобални температури ќе доведат до намалување на работните часови за 2,2 проценти, што ќе изнесува 80 милиони работни места помалку до 2030 година. Економските загуби од климатските промени се прoценуваат на 2,400 милијарди долари.
Авторите на студијата ги изведувале анализите врз основа на конзервативната проценка дека глобалните температури до крајот на веков ќе бидат зголемени за 1.5 степени. А постојат сериозни предвидувања дека покачувањето може да изнесува и цели три степени.
Најмногу ќе настрадаат работните места на отворено. 60% од угасените работни места ќе отпаднат во земјоделството, 19% во градежништвото а остатокот во сообраќајниот, туристичкиот и спортскиот сектор.
Најмногу ќе бидат погодени сиромашните земји па јазот меѓу нив и развиениот свет допрва ќе се зголемува.