Вести

Зошто да ги сопреш чамците кога можеш да ги сопреш протестите

Она што во Велика Британија започна како криза со порозната водена граница, се претвора во криза на државниот легитимитет. Држава што не може да ги контролира своите граници, не може да ги штити своите граѓани. Држава што ги става лажните права на нелегалните мигранти пред тешко стекнатите права на граѓаните не може да очекува лојалност на Британците.

Се распаѓа прогресивниот проект на Педро Санчез

Социјалистичкиот премиер на Шпанија заслужи глобални аплаузи кога му одеше контра на Трамп и ја осуди војната со Иран. Но, дома му избега тлото под нозете. Во нокдаун го однесоа корупциски скандали на негови најблиски луѓе (жена му, брат му...) а ги запрепасти Шпанците кога легализираше половина милион илегалци. Подоцна десантот врз шпанската енклава Сеута покажа дека погрешно е да се романтизира таа тема. 

Може ли вештачката интелигенција сама да заслужи Нобелова награда?

Вештачката интелигенција веќе има помагано во освојувањето на Нобеловата награда. Сега се поставува прашање за следниот, многу поамбициозен чекор. Може ли таа сама? Да не биде само корисна алатка туку независно да постави хипотеза, да спроведе истражувања и да дојде до откритија што ја менуваат науката и животот?

Речник

Младиве се прават БОРГ-и

Еден тренд на пиење во последниве години ги освојува факултетите и ТикТок, а младите наивно веруваат дека тоа што го пијат помага за полесни мамурлуци. А кога се знае што и колку има во еден БОРГ, јасно е дека Господ не помага во таков мамурлук. Ама па на младите кои се растени во карантини им помага да почнат муабет.   

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Шише бурбон од Кентаки кое чини 1.370 денари освои едно од најголемите признанија во годината, победувајќи вискија што чинат и 10 и 20 пати повеќе од него. Стар рецепт, рачно насликано лого... Не го барајте кај нас по рафтови. За жал, се продава само во Кентаки.

Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Легендата на „Монти Пајтон“, Џон Клиз, нагазува уште повеќе на тема ислам откако активисти поднесоа жалба со која побараа од британската програма за борба против радикализацијата да се испита случајот поради неговите ставови. Сите на кои им пречат неговите критики на исламот, Клиз ги потсетува да видат како беше третирано христијанството од него и другите монтитпајтоновци. 

Како речиси половина милијарда долари во фејк Најк влегоа во САД

Мобилни за една употреба, лажни мејлови и лажни компании помагаат за на крај да се испорачаат огромни количини Најк (нешто ситно и Луи Витон чевли) во САД.

Година на селективен гнев околу тероризмот

Минатата година се случија повеќе сериозни терористички напади низ светот. Терористите беа инспирирани од повеќе различни идеологии, а жртвите им беа разнолики. Како што политиките на идентитет стануваа поистакнати во западната политика така идентитетот на жртвите и на извршителите одигра клучна улога во начинот на кој политичките лидери реагираа на секој напад.

Кинеска година на свинското

Календарски Кинезите се при крај со годината на свињата, но политички најверојатно таа ќе продолжи низ цела 2020 откако властите со месеци не можат да ги смират цените на свинското, што тие го сфаќаат како многу личен проблем.

Грција ќе ја тужи Турција во Хаг

Мицокатис ќе ја носи Турција во Хаг заради договорот со Либија околу нивната меѓусебна поморска граница. На нашите соседи им посакуваме да го добијат случајот, тек да видат колку истерувањето правда во Хаг е - правда.

Австриската филхармонија годинава со нов Радецки марш

Годинешната изведба на една од двете нумери што ги знаете од Новогодишниот концерт ќе биде малку поинаква од вообичаено, откако на Радецки марш му најдоа нацистички врски.

Да се пазиме од полицајците на нашите мисли

Некогаш цензори одлучуваа што може да се издаде како книга а што не. Денес постои истата функција, само што цензорите сега се викаат „чувствителни читатели“ кои оценуваат дали јазикот на авторот ќе навреди некоја од идентитетските снегулки. Башка проблемот со роботите кои - мислите случајно? - се прават главно од бела пластика!

На Хуавеи му се позлати ембаргото од Трамп

По подолго време работење под санкции од САД, Хуавеи објави дека 2019 ја завршува со приходи од 122 милијарди долари, што е нов рекорд за компанијата.

Индустриското јаболко и униформноста во исхраната

Иднината на јаболкото се вика космик крисп, јаболко со супериорно CV кое е наштимано на сите детали, дури и на тоа каков звук дава кога ќе се гризне. Како такво, лесно ќе ги победи инфериорните сорти на пазарот и кога ќе стане монополист, ќе се појави некоја болештина и ќе го уништи. Што тогаш ќе гриземе?

Не е лесно да си татко на Грета Тунберг

„Сега е среќна, ама уште ме секира“, признава таткото на младата активистка откривајќи дека за еко-каузата Грета прво се вежбала на него и на мајка ѝ. Добила сила кога успеала да ги убеди таа да не користи авион а тој да стане веган.

Мајкл Мур предупредува дека Трамп пак ќе победи

На неколку недели пред гласањето во 2016 кога медиумите само што не ја преселија Хилари во Белата куќа, Мајкл Мур, на сериозна лична штета, јасно порача дека Трамп ќе победи. И така бидна. За сега, има само предупредување дека тоа може да се случи.

Москва има да биде бела, па макар и на сила

Новогодишната прослава во Москва ќе биде во снежна атмосфера без разлика што од 1886-та ова е најтоплиот декември во руската престолнина.

Деценијата кога Јутјуб ја промени (уништи) телевизијата

Почна со видеа со мачки, стана алтернатива на телевизијата, а во следната итерација се очекува дека ќе се врати како исполирано, корпоративно изедначено воскресение на телевизијата.

Војна пошта: Арктик

И Русија има свои „добри практики“ а оваа потекнува уште од царистичките времиња: дисидентите и политички непријатните поединци да се испраќаат на далечен север за да им се олади малку главата.

Кога завршува деценијава, сега или догодина?

Како што последен пат беше случај пред десет години, луѓето и сега не можат да се согласат кога завршува деценијата. Мнозинството смета дека со почетокот на 2020-та почнуваме да ја ситниме третата деценија од 21-ов век. Фактите се поинакви.

Јахтите открија каде милијардерите имаат уплатено за празниците

Роман Абрамович и уште педесетина вредни луѓе како него за празнициве се закотвија на островот Свети Мартин, откриваат ГПС уредите на нивните јахти.

Што е „Берни слепило“ и како изгледа?

Со Берни Сандерс физички сè е во ред („по старски“), проблемот му е медиумски, а симптомите, според неговите симпатизери, се сведуваат на тоа што медиумите упорно го игнорираат.

Славој Жижек: Нормално е сексуалноста да е перверзна

Феминистичкото отфрлање на Фројд води кон една залудна желба сексот докрај да се рационализира бидејќи тој во суштина е перверзен. Политички коректните препораки да не се зборува за убавото и убавите луѓе (да не би биле објективизирани) не им помага ни на грдите, порачува Жижек.

Турција за 3,7 милијарди долари ќе произведува турски автомобил

Турската групација ТОГГ поддржана од претседателски декрет и инвестиција 3,7 милијарди долари ќе го започнува производството на турски домашен автомобил. За парите планирано е да се произведуваат 5 модели а вкупниот годишен капацитет е 175.000 возила.

Путин ја потсети Полска за шурувањето со Хитлер

Не само што на Полјаците им го истри од нос нивниот амбасадор во наци Германија туку без да бира многу зборови, рече дека такви луѓе не може да се наречат поинаку освен - смрадови.

Како да извадиш некоја пара од пари?

Во Венецуела монструозната хиперинфлација толку ја има обезвреднето домашната валута што парите не вредат ни пет пари ако не смислиш што да правиш со нив. На пример, ракотворби.

Отворањето на Олимпијадата во Лондон, моментот што ја уништи деценијата за Британците

Само што не сме катапултирани низ разлабавениот сфинктер на 2010-те, а искрено и ова чекање е вишок. Ова беше ужасна деценија, полна со гнев и катастрофи на секој чекор. Но, каде точно 2010-те тргнаа на лошо?

Божиќно пакетче од Трамп за расправање со роднини

„Како да победиш во расправа со твоите роднини либерали“ е кампањата што Трамп пригодно ја лансираше за традиционално најсемејниот празник во САД.

Пекара „Лудиот пекар“

Во болница за ментални болести во близина на Пекинг отвораат пекара во која ги вработуваат своите пациенти, а и сами го избираат името од насловот.

Можно ли е да ги утнавме и дрвјата што ги садиме?

Дефиницијата на О.Н за шума е површина поголема од половина хектар (5.000 метри квадратни) посадена со дрвја високи над 5 метри, од која минимум 10% е под крошни. Oва е стандардот што сите го бркаат кога сакаат да се покажат дека работат на пошумување, проблемот е што за дел од експертите ова е премногу анемична дефиниција за тоа што претставува шума.