Неколку високи членови на кинеското политбиро ја завршуваат 2019 со шпартање по пазарите и месарите низ земјата за да ја проверат цената на свинското и да видат како на терен стојат за залиха.
Вториот дел од нивната мисија е да ги натераат локалните власти да ја засилат контролата на цените и да не дозволат драстичен скок на цената на свинското месо пред прославата на Кинеската нова година кој крајот на јануари.
Проблемот со свинското месо почнува со епидемијата на свински треска, која ја уништува тамошната популација на свињи. Ова како последица има зголемување на цената на свинското, кое е една од клучните состојки во кинеската кујна, па потоа удира и на други производи. Цената во август беше за 46,7% поголема во споредба со една година претходно, и 20% поголема во споредба со претходниот месец.
Кинеската комунистичка партија и официјално ја наведе кризата со свинското како еден од главните ризици за следната година.
Цените на свинското во втората половина од 2019 толку брзо растеа што станаа дел од интернет мемињата, па интернет корисници почнаа да се сликаат со ланчиња со сланина околу врат.