Хуавеи, кој и понатаму е вториот најголем производител на мобилни во светот, во 2019 продава 240 милиони уреди. Пред санкциите, во 2018, продаде 206 милиони уреди.
Сите овие бројки не се доволни за раководството на компанијата, која пред санкциите имала повисоки проекции за годинава. Друга слабост што му ја накалемија на Хуавеи со годишниот извештај е дека претходните години имал раст на приходите од 19,5%, а годинава достигнувањето на овие 122 милијарди долари е скок од 18%.
За претседателот на Хуавеи, во 2020 прв приоритет ќе биде преживување на компанијата, порачувајќи дека тие се соочуваат со „стратешка и долгорочна“ кампања против нивниот бизнис од страна на американската влада. Тие очекуваат дека и следната година ќе останат на листата на блокирани компании од американската влада.