Младиот сојузник на опозиционерот Алексеј Навални, 23 годишниот Руслан Шавединов, бил испратен да го отслужува воениот рок на Арктикот, во еден џенем наречан Нова земја.
Тоа е локација на супер- обезбедена воена база со тајни ракетни системи и место во кое, во советските времиња, биле извршувани нуклеарни тестови. На тој архипелаг владеат едни од најсуровите метеоролошки услови на целата планета: поларната ноќ трае 70 дена, температурите вообичаено се спуштаат на минус 40 а најчести комшии се поларните мечки.
Шавединов го обжалил решението за регрутација на тоа место но тоа очигледно му било одбиено бидејќи воена полиција му дошла дома и го ставила во комбе за да го проследи до онаму каде што треба. Во Русија на сила е задолжително едногодишно служење војска, на возраст од 18 до 24 години.
Воените власти ги одбиваат инсинуациите дека се работи за очигледна одмазда за активизмот и опозиционото делување на младиот соработник на Навални и уверуваат дека локацијата на неговата воена служба произлегла од регрутните резултати за здравствената кондиција и професионалните вештини на новиот војник.
Практиката да се отстрануваат непријателите на системот на суровиот север потекнуваат од времињата откако царска Русија ја укина смртната казна. Ленин има минато три години во Сибир а Сталин има заработено три дози егзил во Сибир, од кои еднаш успева да избега и да дојде дури до Швајцарија.
Од комунистичките изгнаници најпознати се Јосиф Бродски и Александар Солженицин, автор на капиталниот роман „Архипелагот Гулаг“.