Најразумен одговор е 2016, година толку катастрофална што се уште може да се почувствува нејзината смрдеа. САД го избраа Доналд Трамп во 2016. Дејвид Камерон свика референдум за брегзит во 2016. Дејвид Боуви почина во 2016, и голем број луѓе реагираа пеејќи „Хеј Џуд“ на улиците. Секако, секој рационален ум точно би ја идентификувал 2016 како годината во која декадата тргна на лошо.
Епа, грешка си. Бидејќи спустот почна уште во 2012. Бидејќи тогаш се одржа церемонијата за отворање на Олимпијадата во Лондон. Стрпи се. Тоа дека нешто објективно совршено како церемонијата за отворањето предизвикала сè што е лошо во цела деценија може да звучи апсурдно. Ама запрашај се ова: дали брегзит ќе се случеше без нејзе? Церемонијата беше 4-часовна демонстрација на моќ која обзнанува дека Британија се истакнува како пример на кој му завидува цел свет. И сега се случува брегзит. Мислиш двете работи дека не се поврзани?
Дали можеби мислиш дека глетката како Мистер Бин се резили околу „Огнени кочии“ предизвика таков раст на неоснована национална гордост што 52% од популацијата беше уверена дека повеќе немаме потреба од нашите соседи? Секако дека мислиш, затоа што токму тоа се случи.
А и тие 48% не се баш цвеќиња за мирисање. Церемонијата за отворање беше приказ на таков фокусиран оптимизам што нè занишка во лажно чувство на безбедност. „Вуау“ си помислија овие за останување, додека ги гледаа Артик манкис како изведуваат песна на Битлс, „ова е одлично, сè е одлично, ништо лошо веќе никогаш нема да се случи.“ И така тие со месечарење влегоа во референдум за кој беа уверени дека ќе го добијат, и потоа не можеа да разберат зошто го изгубиле. Државата некогаш имаше среќна иднина, но таа умре во моментот кога кралицата скокна од хеликоптер.
Церемонијата исто така беше корисен пример за светските лидери дека можеш да им го оттргнеш вниманието на луѓето од сè ако направиш доволно галама. Пред Олимпијадата, имаше реална загриженост околу проблемот што земја-воздух проекти беа инсталирани во источен Лондон, околу тоа што повеќе британски војници се распоредени во Лондон отколку во Авганистан, околу километрите и километри електрична ограда. Меѓутоа четири часа Дизи Раскал и Џејмс Бонд подоцна, сето тоа беше заборавено. И токму затоа, денес, Борис Џонсон прави шоу пред камерите секој пат кога изгледа дека ќе заглави во сериозни проблеми.
Универзумот функционира во баланс. За секоја акција има еднаква и спротивна реакција. Со тоа што среќа и радост за цела деценија начука во еден единствен настан, Дени Бојл се осигури дека во споредба со тоа остатокот од деценијата ќе биде непоправливо ужасен. Така функционира природата. Тој да постапеше правилно и да се осигуреше дека церемонијата ќе биде долг невозбудлив смртен марш без забележливи хајлајти, ние немаше да бидеме во овој хаос и Дејвид Боуви уште ќе беше жив. Еби се 2012.