Путин ја потсети Полска за шурувањето со Хитлер

Не само што на Полјаците им го истри од нос нивниот амбасадор во наци Германија туку без да бира многу зборови, рече дека такви луѓе не може да се наречат поинаку освен - смрадови.

Тензиите меѓу Русија и нејзините некогашни сојузници од источниот блок постојат уште од кога стана јасно дека Запад не мисли да се држи до фамозното ветување на Роналд Реган дадено до Михаил Горбачов дека НАТО не планира да дојде до руските граници. Од друга страна, Полјаците имаат не баш среќни спомени од блискоста со Москва па како членка на ЕУ и НАТО постојано потсетуваат на својот стравот од рускиот воен авантуризам и империјалистички тенденции.

Зборувајќи пред врвот на руската војска, Путин потсетил дека Полска своевремено се уортачи со Хитлеровата Германија за време на Втората светска војна.

„Тие суштински беа сојузници со Хитлер. Тоа е јасно од документите и архивските материјали“, рекол Путин потсетувајќи на наводните ветувања на полскиот амбасадор дека во Варшава ќе му биде подигнат споменик на Хитлер а дека Евреите ќе бидат протерани во Африка.

„Смрад, анти-семитска свиња, не можеш поинаку да наречеш таков човек,“ рекол Путин рецензирајќи ги дневниците на тогашниот полски амбасадор. во Германија.

Рускиот претседател оценува дека истиот ков луѓе кои своевремено преговараа со Хитлер денес се оние кои ги рушат спомениците од хероите кои ги ослободиле, „Црвената армија која ја ослободи Европа и Европјаните од Нацистите“.

Путин тврди дека ова денес е сепак уникатно време бидејќи за разлика од порано, кога тие се труделе да го стигнат Запад во воена технологија, денес Запад се труди да држи чекор со Русија. 

26 декември 2019 - 16:13