По масакрите во џамијата во Крајстчрч во март 2019, водечките политичари низ Западот не се двоумеа нив да ги опишат како крајно-десничарски напади врз муслимански верници за време на петочната молитва. Поранешната претседателска кандидатка на демократите, Хилари Клинтон, ја изрази својата солидарност со глобалната муслиманска заедница. Таа изјави дека „ние мора да продолжиме со борбата против повторувањето и нормализацијата на исламофобијата и расизмот во сите форми“. Поранешниот американски претседател на Твитер напиша дека тој и неговата сопруга, Мишел, сочувствуваат со народот на Нов Зеланд и „муслиманската заедница“. Тогашната британска премиерка, Тереза Меј, прецизно го опиша Крајстчрч како „ужасен терористички напад“.
Спореди го ова со јазикот што истите овие три фигури го користеа по серијата координирани исламистички терористички напади во Шри Ланка, кои се случија еден месец подоцна на Велигден. Изразите на солидарност со настраданите христијански заедници беа забележливи заради нивното отсуство. Христијаните убиени во нивните цркви и од Хилари и од Обама беа наречени „чествувачи на Велигден“. Нападите беа софистицирани и добро планирани, и имаа многу очигледна цел да убијат голем број христијани во цркви полни со верници. Без разлика на тоа, Тереза Меј - ќерка на викар - нападите ги нарече „чин на насилство“, не тероризам.
Разликата меѓу осудата на терористичките напади во Крајстчрч и Шри Ланка беше впечатлива. По Крајстчрч немаше никакво двоумење за именување на религиозната припадност на жртвите и насочување на емоциите и сочувството кон муслиманските заедници. Политичарите немаа проблем настаните во Крајстчрч да ги наречат тероризам. Но тоа едноставно не важеше и за христијаните на Шри Ланка - од кои околу 250 беа убиени од џихадисти за време на службата за Велигден.
Потоа во август 2019, крајно-десничарски терорист по има Патрик Крусиус уби 20 луѓе во расистички, анти-хиспаник напад во Ел Пасо. Пред ова Крусиус го објави својот манифест во кој изразува страв дека хиспаник популацијата го презема Тексас и во демографска и во политичка смисла. Одговорот на Трамп во врска со нападот во Ел Пасо во најмала рака беше разочарувачки. Тој го нарече „акт на кукавичлук“, притоа нагласувајќи ја улогата што менталното здравје и видео игрите ја имаат во масакрите. Претседателот не сакаше да навлезе во идеолошките мотивации зад овој чин на тероризам изведен од бел националист.
Медиумите исто така не успеаа еднакво да го третираат тероризмот. Анти-семитскиот напад на кошер пазар во Њу Џерси на 10 декември доби релативно мало внимание. Нападот беше изведен од Блек хибру израелитс, движење кое вклучува страсни анти-бели и анти-семитски поединци кои веруваат дека црнци, хиспаник и домородните Американци се „луѓето избрани од Господ“ и дека се наследници на библиските 12 племиња на Израел. Нападите кои резултираат со смрт на тројца цивили и на полицаец, минуваат без нешто многу коментар. Слично, по неодамнешните напади во Њујорк, Гардијан објави текст кој понуди многу малку детали околу осомничениот извршител на овој анти-семитски напад. Длабочината со која либералните левичарски медиуми ги покриваат терористичките напади се повеќе зависи од позадината на тие што се вклучени во нив.
За голем број западни либерали, етничката и религиозна заднина на извршителите и на жртвите ја одредуваат робусноста на одговорот. Поставувајќи одредени групи во „хиерархиски систем на жртви“ левицата е лагодна во осудување на крајно-десни терористички напади чии жртви се етнички и религиозни малцинства, меѓутоа не се подготвени идентично да го осудат и исламистичкиот тероризам.
Додека крајно-десничарскиот екстремизам е најбрзо растечка закана во Британија, важно е да се задржи перспектива - дека доминантната закана и понатаму доаѓа од џихадистите. И покрај ова најновиот манифест на Лабуристичката партија зборува за заканата од крајно-десничарски екстремизам, но никаде експлицитно не го споменува екстремизмот инспириран од исламистите, кој во последно време е одговорен за најголемиот дел од жртви од тероризам на британска почва - вклучувајќи го и последниот терористички напад во Лондон. Очигледно, намерата е да се избегне дури и најмала можност да се навредат британските муслимански заедници со споменување на оваа тема.
Слична но спротивна динамика има преку барата. Про-трамповските елементи во Републиканската партија продолжуваат да го игнорираат фактот дека крајно десничарскиот тероризам и сериозен проблем. Во САД белите расисти и етно-националисти претставуваат најсмртоносната терористичка закана. Како што Лабуристите се плашеа дека ќе ги вознемират регресивните елементи на британските муслимани меѓу своите гласачи, така некои републиканци кои се жестоко лојални кон Трамп се претпазливи да не ги дистанцираат етно-националистичките сегменти меѓу своите гласачи.
Лојалноста базирана на група се утврдува уште подлабоко, давајќи им сила за раст на облици на селективен гнев околу терористички напади. Целиот тероризам треба да биде осуден, и ако ние сакаме ефективно да се справиме со него, ние мораме да бидеме отворени и искрени за тоа од каде тој доаѓа.