Во ноември истиот овој идиличен остров имаше само 16 јахти, а за Божиќ бројот скокна на 52 со што Свети Мартин се најде на 6-то место по бројот на закотвени јахти. На 5-то е Грција со 81, на 7-мо е Антигва со 37. Убедливо на прво место се САД со 170 јахти.
Ако се гледа по нарачките, ваквите гужви ќе продолжат и во иднина, бидејќи според Блумберг моментално има повеќе нарачки за јахти над 100 метри од кога и да е во изминативе 10 години.
Потврдувајќи го правилото дека единствено подобро од имање јахта е да имаш другар што има јахта, Маркет Хералд магазинот пишува дека Абрамович годишно плаќа 65 милиони долари за одржување на својата јахта.
Инаку, пловечкиот замок што го има Абрамович е долг 162 метри, теренот на Градски стадион е 105 метри.